За нас

Почитувани пријатели,

Мојот сон за ракометен камп трае долго време. Конечно успеав да најдам луѓе со чија помош, тој сон полека почнува да се остварува што ме прави посебно среќен.

Овој камп ќе биде несомнено мојата најдобра спортска инвестиција во било која сфера од животот, инвестиција во младите. Подготвен сум да одвојам време, подготвен сум цело мое знаење и искуство стекнато во текот на кариерата да го пренесам на младите во мојата родна Македонија. Спортот е нашиот најголем амбасадор во текот на целото наше постоење, а ракометот е спорт број 1 во Македонија.

Затоа што на младите ракометари, а и оние кои сеуште не се гледаат во него им треба надоградба, квалитетно школување, спортска култура, начин на исхрана, спортска психологија, квалитетен тренинг, а се со цел да прераснат во врвни ракометари кои во иднина со гордост ќе го носат дресот со националните обележја. Секако дека покрај спортските тренинзи на кампот ќе има многу дружење и забава. Ќе се потрудам на кампот да ги донесам најдобрите и најголемите ракометни имиња кои им се идоли, но и од кои нашите момчиња и девојчиња ќе имаат што да научат.

До следното видување.......

Спортски поздрав,

Кирил Лазаров